Почетна страна  »  Турција  » Анталија
Cenovnik  

Анталија

Една од најубавите морски регии на средоземното море. Топло и чисто море, беспрекорни песочни плажи, прекрасни хотели, можност за многубројни излети, богат ноќен живот и прочуената турска гостопримливост ќе го направат вашиот одмор незаборавно доживување.

5

Кемер

Кемер е симпатично место во подножјето на планината Таурус ,на тиркизната обала.43 км западно од Анталија.Претставува вистински туристички рај со бистро сино море,песочни плажи,мирис на свежина од боровата шума и историско минато.Кемер има околу 300 сончеви денови.Ќе имате можност и за крстарење со Blue Voyage- стари едрењаци,посетувајќи ги најубавите заливи на светот...Не пропуштајте...

Белек

Сместен помеѓу Анталија и Сиде, претставува нов туристички регион каде се е подредено да го привлече туристот. Многу зеленило, борови и еукалиптови дрва кои се спуштаат до самото море. Бесконечни златни песочни плажи. Целиот регион е со хотелски комплекси. Има прекрасни терени за голф и можност за кајакарење.

Сиде

Се наоѓа 7 км западно од Манавгат и 75 км од Анталија, Сиде бил една од најстарите населби во регионот Анадолија. Прекрасна местоположба, значајно пристаниште.Со векови бил центар на културата и трговијата. Прекрасните песочни плажи,синото море и свежиот воздух го направиле местото познато.Место каде морето,сонцето,историјата и природата создале идеална хармонијa.

Аланија

Километарски долги, златни песочни плажи, борова шума во позадина, во пазувите на планината Таурус. Од некогашното старо гусарско скривалиште е зачувана доминантната тврдина (15 век). Тесни улички, необични куќички, византиски црква и неколку џамии. Тука се наоѓаат прочуените пештери, кои се достапни само преку море.

   
Skopje
-7°C
макс. -4°C
мин. -8°C
Venice
-3°C
макс. 1°C
мин. -4°C
Prague
-12°C
макс. -11°C
мин. -15°C
Salonica
9°C
макс. 8°C
мин. 1°C
Budapest
-10°C
макс. -6°C
мин. -8°C