Бодрум е познат по својата типична архитектура- сите згради се бели и не се на повеќе од 3 ката. Бодрум ги привлекува своите туристи со својата природна убавина, културно историските знаменитости,луксузните хотели,рестораните, добрата забава, фантастичнит ноќен живот, како и кристално чистата вода и ситниот песок на плажите.
Името на градот означува "остров на птиците" и доаѓа од малиот камен остров во форма на птичја глава кој се наоѓа близу до старото пристаниште во градот. Ресортот има одлични туристички услови – луксузни хотели, добра усуга, изобилство од природни и историски знаменитости.
Мармарис е еден од најубавите турски ресорти,кој се претворил за смо неколку години од рибарско селце во атрактивна туристичка дестинација.Таму можете да ги откриете едни од најубавите хотели и ресторани,убави плажи,бурен ноќен живот и во изобилие трговски објекти.