|
Собите се двокреветни и трикреветни, се делат во две основни категории:
- соба тип А, со сопствена бања,
- соба тип Б, кога две соби делат една бања
Програма:
01. ден Скопје - Бол на Брач Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 16:30 часот, заминување за Хрватска во 17:00. Дневно и ноќно возење со попатни паузи.
02. ден - Бол - Пристигнување во Бол во претпладневните часови. Сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со местото. Ноќевање.
03. - 10. ден - Бол - Денови за одмор со престој во соби А и Б категорија во приватни вили, на база ноќевање или полупансион (со претходна резервација).
11. ден - Бол - Скопје Напуштање на собите до 10:00 часот. Заминување од Бол во попладневните часови. Дневно и ноќно возење со попатни паузи.
12. ден - Скопје - Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
Во цената на аранжманот се опфатени следниве услуги:
- превоз со модерен туристички автобус и брод на релација Скопје - Бол - Скопје
- сместување во двокреветни и трикреветни соби во приватни вили, на база 9 ноќевања по лице
- организација и придружник на аранжманот.
Во цената не се опфатени:
- туристичката такса 1 Еур на ден
- факултативни излети за време на престојот.
- патничко осигурување
Попусти:
- дете до 2 год. - бесплатно
- дете од 2-6 год. без кревет -50%
- дете 6-12 год. ако користи кревет -25%
МОЖНОСТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ВО 3/4/5/6 АПАРТМАНИ!!!
Доплата:
Појадок: 9 Еур; Вечера: 12 еур; Полупансион: 20 еур
Цените се однесуваат по лице за пакет аранжман, изразени во Евра,
а плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 еур = 61,8 денари.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
Повеќе »
|