Париз

Велигденски патувања
Прецизен, елегантен, динамичен, Париз е градот на светлината. Со рај за Вашите очи и мир за Вашата душа, едноставно Ве обзема со својата убавина и уметноста која живее низ неговите улици. Невозможно е да не се заљубите во Париз. Луѓето имаат стил. Неговата архитектура е заводлива и привлечна, рестораните и ноќниот живот гарантираат уживање. Ајфеловата кула, Катедралата Нотр Дам, Улицата Шанзелизе, музејот Лувр, дворецот Версај и модерниот кварт Дефанс се само дел од убавините на француската престолнина. Секако тука е и Дизниленд, кој ќе Ви овозможи неповторливо доживување во светот на бајките, чудата и волшебствата.
4 Дена / 3 ноќевања / Авион
02. Април (Петок)СКОПЈЕ - ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04.00часот. Авионот на Adria Airways (JP 811) полетува во 05.30 часот. Слетување во Љубљана во 07:00. Полетување за Париз во 08:05. Слетување во Париз во 10.00 часот. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Големите булевари, мостовите и кејовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, Вандом, Операта, Република, Бастиља, Латинскиот кварт, Нотр Дам, паркот Луксембург... Трансфер до хотел. Сместување. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула (со метро). Можност за факултативно крстарење со брод по Сена, под париските мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите: куполата на инвалидите, музејот Орсеј, црквата НотрДам, Градската куќа, плоштадите Конкорд и Трокадеро. Вечерта, прошетка по познатата улица Шанзелизе. Ноќевање.

03. Април (Сабота)ПАРИЗ - ВЕРСАЈ

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на франскускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледала и прекрасните градини, дело на архитектот Ле Нотре, со многубројните фонтани, шумички, алеи, скулптури.... Попладне, посета на Дефанс-парискиот кварт од 21. век. Во вечерните часови, прошетка до базиликата Sacre Couer, плоштадот на уметниците Монмартр и квартот Пигал, познат по бројните кабареа како Mouline Rouge. Ноќевање.

04. Април (Недела)ПАРИЗ - ЛУВР

Појадок. Организирана посета (превоз со метро) на најпознатиот музеј во светот-Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во Версај. Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска, сплавот на медузите. Во попладневните часови, посета на катедралата НотрДам, во најстариот дел од Париз. Прошетка по квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Можност за вечера во некој локален ресторан. Ноќевање.

05. Април (Понеделник)ПАРИЗ (ДИЗНИЛЕНД) - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативна посета на забавниот парк Disneyland, во светот на приказните со многубројни атракции (превоз со брз воз RER). Трансфер до аеродромот. Лет за Љубљана со авионот на Adria Airways (JP 810) во 21.20 часот. Слетување во Љубљана во 22:55. Полетување за Скопје во 23:25. Слетување во Скопје во 01:00 часот.

479 еур  (29,600 ден)  
         
Во цената на арнжманот е вклучено:
-Авионски превоз на релација Скопје-Париз-Скопје
-Трансфер аеродром -хотел- аеродром
-Сместување во Хотел Campanile Boulogne 2+* на база 3 ноќевања со појадок
-Оганизиран разглед на Париз со стручен локален водич
-Оганизирани разгледи по програмата со придружник од агенцијата
-Организирана посета на Ајфелова Кула (без вклучена влезница)
-Крстарење со брод по Сена
-Организиран разглед на Лувр (вклучена влезница)
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на арнжманот не е вклучено:
-Аеродромски такси 8.095 денари
-Посета на Версај 45 еур (вклучена влезница)
-Карти за јавен превоз (метро)
-Француска виза и патничко-здравствено осигурување 2.500 денари (за патниците со стари пасоши)
-Патничко-здравствено осигурување 200 денари

Напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: