Златна Прага
Виена и Братислава

Мајски аранжмани
За Прага се вели дека е град-бајка, исполнета со магична убавина сместена во срцето на Европа. Прага е град кој ќе ја фрли својата златна магија врз вас, и ќе Ве освои со своите волшебни градби, цркви, споменици, вековни замоци и мостови на В`лтава. Во Прага постојат многу работи кои треба да се доживеат, и ќе Ве убедат дека е единствена и незаборавна. Прага е град каде ќе почувствувате мистична атмосфера одејки низ тесни улички, но и ќе доживеете искуство на космополитски град со богат ноќен живот. Круна на патувањето, е посетата на Карлови Вари- симбол за одмор и уживање на европската аристократија. Романтично градче низ кое минува реката Топла, прочуено по своите 12 извори на топла вода со лековита моќ, прекрасните колонади, барокната архитектура, убавите цркви меѓу кои и Руската црква, градче кое ќе Ве освои и ќе уживате во неговата убавина.
5 дена / 3 ноќевања / автобус
20. Мај (Четврток)СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА - ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 15.30 часот. Тргнување за Прага во 16.00часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

21. Мај (Петок)БРАТИСЛАВА - ПРАГА

Пристигнување во Братислава во утринските часови. Панорамски разглед на Братислава со стручен локален водич, мостовите на Дунав, средновековниот главен плоштад, готската катедралата Св. Мартин, старата градска куќа, Словачката Национална Галерија, Словачкиот Национален Музеј... Патот продолжува за Прага.Сместување во хотел.Краток одмор од патувањето.Посета на фестивалот на пивото.Ноќевање.

22. Мај (Сабота)ПРАГА - КАРЛШТАЈН

Појадок.Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо Место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник-Орлој, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Унивезитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот Град, Катедралата Св. Вито...Подоцна можност за факултативен излет до дворецот Карлштејн-некогашна резиденција на Карло IV изграден во 14 век и прочуената капела во која се чуваат 129 готски слики од непроценлива вредност..Вечерта факултативна вечера во национален ресторан-Пивница. Ноќевање

23. Мај (Недела)ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. По појадокот факултативно-излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти Век. Можност за посета на еден од 12те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Враќање во Прага во вечерните часови. Вечерта-факултативно, крстарење по В’лтава. Ноќевање

24. Мај (Понеделник)ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот тргнување за Виена. Панорамски разглед на градот со сручен локален водич, плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, Градската палата, Универзитетот, Палатата Белведере, Зимскиот дворец Хофбург... Поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Србија со куси попатни паузи. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

179 еур  (11,060 ден)  
           
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
-Сместување во хотел Olympik 4* на база 3 ноќевања со појадок
-Разглед на Прага со стручен локален водич
-Посета на Братислава
-Посета на Виена
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Факултативни излети - Карлови Вари 25 евра, Карлштајн 20 евра (со вклучена влезница)
-Крстарење со брод по В’лтава 25 евра (со вечера)
-Влезници за локалитетите
-Патничко-здравствено осигурување 300 денари

Напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Барање за резервација
Име Презиме:  
Email:  
Телефон:
Термин:
Број на патници:
Начин на плаќање:
Забелешка,
прашање,
коментар: